Connect with us

Кошарка

Поради војната по Евролигата и ФИБА одложи натпревари

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ги одложи сите натпревари од групите Ц и Д од азиските квалификации за Светското првенство во Катар 2027 година. Оваа одлука е донесена по случувањата на Блискиот исток и со цел за запазување на мерките за безбедност на играчите, тренерите и официјалните лица.

Во соопштението е наведено дека се одложени дуелите кои требаше да се играат во понеделник 2.март и ќе биде одреден нов термин.

Одложени се натпреварите: Иран – Сирија, Ирак – Јордан, Либан – Индија и Катар – Саудиска Арабија.

ФИБА е во постојан контакт со националните федерации, а новиот термин ќе биде одреден пред одигрувањето на дуелите од „третиот прозорец“.

Претходно Евролигата ги одложи јуниорскиот турнир во Абу Даби и натпреварот меѓу Хапоел Тел Авив и Париз.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1