Connect with us

Свет

ИРГЦ ги предупреди бродовите дека не смеат да поминуваат низ Ормускиот Теснец

Официјален претставник на поморската мисија на Европската Унија „Аспидес“ изјави дека бродовите во текот на викендот примале VHF сигнали од Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), кои се користат за безжична поморска комуникација, а во кои се наведува дека „на ниту еден брод не му е дозволено да помине низ Ормускиот Теснец“.

Официјалниот претставник, кој зборувал под услов да остане анонимен, нагласи дека Иран формално не ја потврдил оваа забрана за премин. Техеран со години се заканува дека ќе го блокира тесниот воден пат во знак на одмазда во случај на напад врз Исламската Република.

Ормускиот Теснец е еден од најважните светски поморски правци за извоз на нафта, поврзувајќи ги најголемите производители на нафта во Заливот, како што се Саудиска Арабија, Иран, Ирак и Обединетите Арапски Емирати, со Оманскиот Залив и Арапското Море.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3