Свет
Иран: Големиот ајатолах повика на одмазда по смртта на Хамнеи
Влијателен ирански свештеник ги повика муслиманите ширум светот да се одмаздат за смртта на врховниот водач Али Хамнеи, пренесе ДПА.
Иранската државна новинска агенција „Тасним“ денеска јави дека големиот ајатолах Насер Макарем Ширази во религиозна изјава, или фатва, прогласил дека „главните сторители на ова злосторство“ се САД и Израел.
„Одмаздата е религиозна должност на сите муслимани во светот, со цел злото на овие криминалци да биде искоренето од Земјата“, се вели во продолжение на фатвата.
Макарем Ширази индиректно му се закани на американскиот претседател Доналд Трамп со смрт во јуни минатата година, кога Трамп рече дека Хамнеи е „лесна мета“.
Големиот ајатолах тогаш прогласи во фатва дека заканите против Хамнеи ќе бидат казнети со смрт во исламот.
Макарем Ширази е еден од највисоките религиозни авторитети во шиитскиот ислам, кој е државна религија на Иран.
март 1, 2026

