Општини
Градоначалникот Лимани му го додели „клучот на градот“ Гостивар на албанскиот претседател Бајрам Бегај
Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај во рамки на неговата тридневна посета на РС Македонија, денеска беше во Гостивар на средби со локални политичари и претставници на етничките заедници.
Во обраќањето во општина Гостивар, напомна дека албанскиот фактор во Македонија е државотворен и дека суштински придонесува за политичката стабилност на земјата и нејзината евроатлантската ориентација. Бегај меѓу другото порача дека албанската политичка елита, како во власта така и во опозицијата, треба да ги надмине разликите и личните или партиските интереси.
Во негова чест беше организирана пригодна церемонија на која симболично од страна на градоначалникот Ваљбон Лимани му беше предаден „клучот на градот“, највисокото признание што го доделува Општина Гостивар на личности со особен придонес и значење.
– Заедно со Градскиот совет, каде што морам да ви кажам дека имаме и Македонци и Турци, едногласно како големо семејство какво што сме, донесовме одлуката, рече гостиварскиот градоначалник Лимани и порача дека тој секогаш ќе биде добредојден кај гостиварци.
март 1, 2026

