Connect with us

Свет

Нетанјаху повика на промена на режимот во Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на промена на режимот во Техеран.

Во својата прва видео изјава за нападите на САД и Израел врз Иран, Нетанјаху апелираше до „целиот ирански народ“ да „го отфрлат јаремот на тиранијата и да донесат слободен и мирен Иран“, објави Си-Ен-Ен-.

Тој нагласи дека „заедничкото дејствување ќе создаде услови храбриот ирански народ да ја земе својата судбина во свои раце“.

Во видео изјавата, Нетанјаху му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп „за неговото историско водство“.

„На овој убиствен терористички режим не смее да му се дозволи да се здобие со нуклеарно оружје што би му овозможило да го загрози целото човештво“, рече Нетанјаху.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1