Фудбал
Ливерпул објави рекорден приход во шампионската сезона
Премиерлигашот Ливерпул објави рекордни приходи во износ од 703 милиони фунти во својата шампионска сезона во Премиер лигата која заврши во мај 2025 година.
Минатата сезона, Ливерпул во доминантен стил ја освои својата 20. англиска титула што имаше позитивно влијание врз финансискиот извештај.
Ливерпул, кој поред податоците на ревизорската куќа Дилојт, има најголеми приходи меѓу англиските клубови, во сезоната 2024/25 остварил профит од осум милиони фунти по оданочувањето.
Според информациите од клубот, приходите од телевизиски права пораснале за 60 милиони фунти, на вкупно 264 милиони фунти.
Од друга страна, административните трошоци на Ливерпул, исто така, скокнале за 57 милиони фунти.


