Connect with us

Кошарка

Израелските екипи од Евролигата ги евакуираат своите играчи од Тел Авив

Ситуацијата на Блискиот исток директно ги погоди евролигашите од Тел Авив Макаби и Хапоел. Клубовите и претходно дел од натпреварите што следуваат ги презакажаа за нови-стари локации. Така Макаби се враќа како домаќин во Белград, а Хапоел во Софија.

Управите на клубовите сега забрзано работат на евакуирање на играчите и тренерите поради тензиите меѓу Израел и Иран. Во Хапоел Тел Авив планираат комплетниот тим да биде преместен во Софија за непречено да го продолжи натпреварувањето. Се планира авионски лет, но проблем е тоа што воздушниот простор над Израел е затворен.

Дел од играчите на Макаби по дуелот со Монако останаа во странство, а тие што се вратија имаа инструкции брзо да ја напуштат земјата.

Сите странски кошаркари кои играат за израелски клубови добија инструкции да го напуштат Израел по копнен пат (Египет или Јордан), а потоа со посебни летови да бидат префрлени во Бугарија.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3