Регион
ИНСТАТ: Албанија годинава ја започна со пад на бројот на странските туристи
Според податоците објавени од Институтот за статистика, ИНСТАТ, помалку странци одбрале да ја посетат Албанија во првиот месец годинава.
-Во нашата земја во јануари влегле 552 илјади странски државјани, што претставува намалување од 1,5 отсто во споредба со истиот месец во 2025 година. Ова е прв пат бројот на туристи да се намали во јануари од пандемијата наваму, објави ИНСТАТ.
По 2022 година, Албанија се врати на позицијата популарна туристичка дестинација, продолжувајќи ја сезоната надвор од летните месеци, со зголемени посети на градови како Тирана, Берат, Ѓирокастро и Корча.
-Во јануари 2025 година, бројот на странски посетители се зголеми за 14,5%, додека во 2024 година растот беше речиси 30%. Трендот на забавување започнал во 2025 година, кога странските пристигнувања се зголемиле за само 6,6%, што е најниско ниво од пандемијата, потврдува статистиката.
Според ИНСТАТ, 98% од странските пристигнувања се од лични причини Поголемиот дел од посетителите се од Јужна Европа, што сочинува 88%, по што следува Западна Европа со 6%.
За разлика од странците, патувањето на албанските државјани во странство забележува раст од 3,3 отсто споредено со јануари минатата година.
Албанија минатата година забележа рекордна бројка, од над 12, 4 милиони странски туристи, наспроти над 11,7 милиони претходната година.
февруари 28, 2026

