Connect with us

Фудбал

Гвардиола го напушта Манчестер Сити?

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола можно е да ги напушти „граѓаните“ на крајот од оваа сезона. Тој веќе 10 сезони е на клупата на клубот од Манчестер, а има сериозна понуда од катарскиот клуб Ал-Ахли. Инаку, Гвардиола во својата играчка кариера има настапувано за екипата од Катар (две сезони).

Оваа екипа според англиските медиуми се подготвува за освојување на првата титула, а Гвардиола е посакуваната личност за тренер. Но, сепак за заминувањето во многу ќе има влијание и актуелната сезона на Манчестер Сити, доколку тимот остане без пехар. Тој факт може да влијае на одлуката на Гвардиола, кој одбегнува прашања за негово заминување.

Шпанскиот стручњак има освоено 17 пехари, а каде и да работел (претходно беше во Барселона и Баерн) успевал да освои вредни награди. Гвардиола со Манчестер Сити има договор до 2027 година.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4