Connect with us

Формула 1

Ф1: Кадилак го именува својот болид по легендата Марио Андрети

Кадилак ќе го именува својот прв автомобил од Формула 1 во чест на шампионот од 1978 година, Марио Андрети, објави денеска тимот.

Новиот, 11-ти тим од Формула 1 објави дека нивниот автомобил ќе го носи името MAC – 26, што е скратеница од Марио Андрети Кадилак.

„Трките беа радоста на мојот живот. Голем комплимент е што Кадилак ги смета тие години за значајни и достојни за оваа чест. Ја ценам можноста што ми ја дава да имам трајна поврзаност со Формула 1 и искрено сум благодарен на сите што продолжуваат да ја признаваат мојата улога во историјата на трките“, рече Андрети.

За Кадилак во новата Ф1 сезона ќе возат Валтери Ботас и Серхио Перез.

Новата сезона ќе стартува на 8 март со Големата награда на Австралија во Мелбурн.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1