Кошарка
Денвер поразен, Јокиќ „на мета“ на ривалите
Кошаркарите на Оклахома Сити по продолжение го совладаа Денвер со 127:121, а играчите на победничкиот тим во неколку наврати го „нападнаа“ најдобриот играч на Денвер. Во последната четвртина Лу Дорт со колкот го удри Јокиќ, кој се најде на паркетот, а во мешаницата учествуваше Џејлен Вилијамс. Од целата ситуација Дорт беше исклучен, а Јокиќ и Вилијамс добија технички грешки. На почетокот на дуелот Џеј-Гилџус Александер доби неспортска грешка откако со топка го „гаѓаше“ Јокиќ.
Во финишот на дуелот Денвер промаши шут за победа, а во продолжението Оклахома беше подобриот тим. Александер кај победникот реализраше 36 поени, а Џамал Мареј кај Денвер постигна 39 поени. Јокиќ имаше трипл-дабл 23 поени, 17 скокови и 14 асистенции со слаба реализација на шут (2/10 за тројки).
Резултати на ноќеска одиграните дуели во НБА лигата: Детроит – Кливленд 122:119 по продолжение, Бостон – Бруклин 148:111, Милвоки – Њујорк 98:127, Далас – Мемфис 105:124 и Оклахома Сити – Денвер 127:121 по продолжение.
февруари 28, 2026

