Connect with us

Свет

Вработените во неколку железнички компании во Италија од вечер стапуваат во штрајк

Вработените во неколку италијански железнички компании вечер во 21 часот ќе стапат во 24-часовен штрајк.

Вработените во железничките компании бараат подобри услови за работа, подобра безбедност и повисоки плати, објавува италијанската новинска агенција АНСА.

Во штрајк ќе стапат вработените во компаниите Феровие дело Стато, Итало, Тренорд и други локални железнички оператори, а во текот на штрајкот, брзите и возовите на долги релации ќе имаат загарантирани поаѓања, а списокот на поаѓања е наведен на веб-страниците на овие компании.

Вработените во железничките компании здружени во CUB Trasporti/SGB исто така ќе штрајкуваат 24 часа, додека протестот организиран од USB Lavoro Privato ќе трае осум часа, од петок во 22 часот до сабота во 5:59 часот наутро.

Синдикатите, вклучувајќи ги CUB Trasporti и SGB, посочуваат на проблеми како што се долгото работно време, лошите услови за работа, недоволното вработување и несоодветен договор и бараат подобра заштита на работниците и поправичен колективен договор. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1