Connect with us

Вести

Тошковски – Брунер: Партнерството со институциите на ЕУ има клучна улога во унапредувањето на националната и на европската безбедност

Европската интеграција, борбата против организираниот криминал и зајакнатото гранично управување беа во фокусот на денешната работна средба во Скопје меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и комесарот за внатрешни работи и миграција на Европската Унија, Магнус Брунер.

На средбата, како што информираат од МВР, беше потврдена силната посветеност на Република Северна Македонија кон евроинтегративниот процес и понатамошното усогласување со европските стандарди во областите правда, слобода и безбедност.

-На средбата министерот Тошковски изрази благодарност за континуираната експертска и финансиска поддршка од Европската Унија, нагласувајќи дека Министерството за внатрешни работи останува кредибилен партнер кој активно придонесува за безбедноста на Унијата преку спроведување на проектите, реформите, усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ и имплементација на мерките од Реформската агенда, соопшти МВР.

Беше констатирано, се нагласува во соопштението, дека партнерството со институциите на Европската Унија има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност, при што беше изразена заедничка подготвеност за продлабочување на соработката во наредниот период.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4