Connect with us

Вести

Средба Муцунски со еврокомесарот Брунер: Продолжување на напорите за изнаоѓање практични и навремени решенија за професионалните возачи

„Посочив на практичните предизвици со кои се соочуваат професионалните возачи и транспортниот сектор и ја нагласив важноста од продолжување на напорите за изнаоѓање практични и навремени решенија преку конструктивен дијалог со ЕК и земјите членки“, изјави Муцунски по средбата со еврокомесарот за внатрешни работи и миграции

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Министерството остварил средба со европскиот комесар за внатрешни работи и миграции Магнус Брунер.

Меѓу останатите теми, во фокус на разговорот била имплементацијата на системот ЕЕС за влез и излез од ЕУ. Во оваа смила Муцунски укажал на импликациите од примената на системот, особено во поглед на професионалните возачи и транспортниот сектор, кои се соочени со конкретни предизвици.

„Посочив на практичните предизвици со кои се соочуваат професионалните возачи и транспортниот сектор и ја нагласив важноста од продолжување на напорите за изнаоѓање практични и навремени решенија преку конструктивен дијалог со Европската комисија и земјите членки, информира Муцунски по средбата со еврокомесарот.

Шефот на македонската дипломатија на Брунер му ја предочил и заложбата на земјава во процесот на пристапување кон ЕУ, особено во областа на внатрешните работи и миграцијата, како и посветеноста кон унапредување на институционалните капацитети и спроведување на реформите во оваа област.

Разговарале за продлабочување на соработката во управувањето со миграциите, вклучително и партнерството со Фронтекс, борбата против нелегалната миграција и организираниот криминал и визната политика

Маркетинг
Ad 4
Ad 3