Останати спортови
Швајцарката Сутер победи на спустот во Солде
Швајцарската скијачка Корин Сутер победи на денешната трка од Светскиот куп во спуст што се одржа во Солде.
Сутер дојде до победата со време од 1:31,62 минути, што беше за 11 стотинки побрзо од возењето на второпласираната Нина Ортлиб од Австрија.
Третото место го освои Италијанката Софија Гоџа со заостанување од 24 стотинки.
Водечка во генералниот пласман и натаму е Американката Микаела Шифрин со 1.133 бодови, додека во поредокот во спуст води нејзината сонародничка Линдзи Вон со 400 бодови.
Утре во Солде на програмата е трката во супервелеслалом.
февруари 27, 2026

