Connect with us

Култура

Промоција на монографијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ во Кинотека

Во Кинотеката на Македонија вечер ќе биде промовирана публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“.

Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика.

-Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија, наведува Кинотеката.

Промотори на изданието се д-р Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков, а присутни ќе бидат и авторите.

Настанот ќе биде збогатен со изложба на избор од македонските филмски  плакати.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3