Connect with us

Вести

Претседателката Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бегај

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со државни и воени почести го пречека претседателот на Албанија Бајрам Бегај, кој е во официјална посета на Македонија. 

По пречекот ќе следува тет-а-тет средба, а потоа пленарен состанок на македонската и албанската делегација.

Претседателите Сиљановска-Давкова и Бегај ќе имаат заедничка прес-конференција.

Во рамки на официјалната посета, претседателот на Република Албанија ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Според агендата на официјалната посета, албанскиот претседател ќе има средба и со претседателот на Собранието Африм Гаши, а по потпишувањето во книгата на впечатоци, тој ќе се обрати пред пратениците. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1