Ракомет
Познати термините за дуелите Охрид – Олимпијакос од 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот куп
По успешните настапи и пласманот во четвртфиналето ЕХФ Европскиот куп ракометарите ги очекуваат два нови дуела во против грчки Олимпијакос. Денеска беа објавени и термините за одигрување на натпреварите.
Првиот дуел се игра на 29.март во Атина со почеток во 17 часот, додека реванш дуелот е закажан за 4.април во СЦ „Билјанини извори“ со почеток во 18 часот.
Поуспешната екипа од овој двомеч во полуфиналето ќе игра со поуспешниот од дуелот меѓу Цеље и Бузау.
февруари 27, 2026

