Connect with us

Свет

Песков: Ситуацијата во Куба се влошува, потребна е воздржаност и избегнување на провокации

Ситуацијата во Куба се влошува и потребно е сите да покажат воздржаност и да не преземаат провокативни чекори, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека Кремљ претпоставува дека лицата приведени на бродот покрај брегот на Куба признале дека подготвувале терористички напади и дека кубанските граничари постапиле како што морале во дадените околности, пренесуваат руските медиуми.

„Нема што да се коментира тука, имајќи предвид дека, како што беше објавено од Хавана, заробените кубански граѓани, кои се обидоа да навлезат на територијата на островот со оружје во рацете, признаа дека се обиделе да влезат со цел да извршат терористички акти. Ова е нивно признание и треба да се третира како такво. Кубанските граничари направија што мораа во оваа ситуација“, рече портпаролот на Кремљ.

Тој нагласи дека во сегашната ситуација во Куба, хуманитарните прашања се најважни и дека тие мора да се решат и дека никој не смее да се меша во тој процес.

Како што претходно објави кубанското Министерство за надворешни работи, најмалку четири лица беа убиени, а најмалку седум беа ранети откако глисер од Флорида вчера влезе во кубанските води и отвори оган врз кубанските сили, кои возвратија на оган.

Сите четворица што загинаа беа членови на екипажот на глисерот, а шест члена на екипажот беа исто така повредени, според соопштението.

Ранет е и командантот на чамецот на кубанската гранична патрола.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3