Connect with us

Општини

Општина Битола ја реконструира спортската сала во ОУ „Елпида Караманди“

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски го посети ОУ „Елпида Караманди“ каде се врши реконструкција на спортската сала. 

За време на посетата градоначалникот Коњановски беше информиран од директорката на училиштето Емилија Николовска-Спировски дека реконструкцијата подразбира промена на дограмата на целата сала, промена на електричната инсталација, поставање на плочки во ходниците и во соблекувалните, поправање на санитарните јазли со довод и одвод и комплетно опремување на тоалетите и соблекувалните.

Од Општина Битола информираа дека во рамки на проектот предвидено е и поставување на фотоволтаици. 

Вкупната сума која се инвестира во реконструкцијата, поставувањето фотоволтаици и опремување со реквизити е 4,4 милиони денари, средства добиени од Министетството за образование и наука, потврдија од Општина Битола.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3