Connect with us

Вести

Милошоски: Сега е вистинското време за нов стратешки пристап кон проширувањето на Европската Унија

Македонскиот случај во однос на европските интеграции е посебен бидејќи државата често правела големи концесии, испорачувала видливи реформи, но за возврат сè уште не го добила заслужениот почеток на преговорите со ЕУ. Сепак, нашиот фокус продолжува да биде исполнувањето на целите што заедно со Европската комисија ги внесовме во реформската агенда – истакна потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, во обраќањето на 12. конференција на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа и земјите од Вишеградската група, што денеска се одржува во Будимпешта. 

Исто така, потенцира Милошоски, нашата целосно усогласена позиција во однос на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ е уште еден показател дека споделуваме заеднички вредности.

– Затоа денес имам две пораки. Првата е благодарност до Полска, Унгарија, Чешката Република и до Словачка за нивната постојана поддршка за Македонија. И, втората, до претставниците на ЕУ – бидете сигурни дека интегрирањето на сите земји од Западен Балкан ќе биде од заемна корист за сите, со што самата Европа ќе биде посилен актер на глобално ниво. Сега е вистинското време за нов стратешки пристап кон проширувањето на Европската Унија – рече Милошоски.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1