Connect with us

Регион

Известувачот на ЕП за Албанија, Шидер: Загрижувачка е корупцијата, поларизацијата и притисокот врз гласачите, потребни се истраги и казни на високо ниво

Известувачот на Европскиот парламент за Албанија, Андреас Шидер денеска пред Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ)  изрази силна загриженост за политичката ситуација и демократските права во земјата, објави агенцијата Балканвеб.

Според истиот извор Нацрт-извештајот и Нацрт-резолуцијата за Албанија се нагласува дека политичката клима останува поларизирана и дека постојат индикации за притисок врз гласачите, прашања што бараат итно внимание.

Извештајот објавен од Европскиот парламент, изготвен од Шидер, ја истакнува загриженоста дека иако законската рамка за избори е генерално соодветна, политичката поларизација и конфронтациската реторика условуваат да се создаде напната клима што го напаѓа парламентарниот надзор и довербата во демократските институции.

– Постои притисок врз гласачите, постои поларизација. Во последните недели, таа е радикализирана со обиди за одржување улични протести. Што се однесува до корупцијата, реформите напредуваат. Албанија постигна напредок, но сè уште има работа што треба да се направи. Потребни се истраги и пресуди на високо ниво, бидејќи прашањето за корупцијата останува проблематично, изјави Шидер. 

Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер, оцени дека Албанија има постигнато напредок, но оти сè уште има работа да направи кон членството во ЕУ.

Тој додаде дека процесот на интеграција мора да се базира на заслуги, со конкретни промени и спроведување на законите, но не ги поштедил ниту протестите на опозицијата, кои ги опиша како насилни и неприфатливи за демократска земја. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 4