Connect with us

Фудбал

Енрике: Знаеме дека треба да се подобриме во Лигата на шампионите

Главниот тренер на ПСЖ, Луис Енрике, го коментираше нерешениот резултат 2:2 со Монако во синоќешниот реванш од плејофот на Лигата на шампионите.

– Не бевме изненадени од квалитетот на играта на Монако. Уште еднаш покажавме отпорност и способност да ги надминеме неволјите. Лигата на шампионите е многу тешко натпреварување и разбираме дека треба да се подобриме. Следните фази ќе бидат предизвикувачки, па затоа е важно да се подобруваме секој пат и да продолжиме да го правиме она во што сме добри. Подготвени сме за секој тим во осминафиналето и ќе продолжиме да работиме на подобрување. Нашиот начин на размислување е едноставен: играјте за да победите во секој натпревар, изјави Енрике на веб-страницата на УЕФА.

ПСЖ го доби првиот натпревар со 3:2, пласирајќи се во осминафиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе се соочат или со Барселона или со Челзи. 

Ривалот на парижаните во осминафиналната рунда од елитното фудбалско натпреварување ќе биде познат по утрешната жрепка.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1