Вести
Бегај пред пратениците: Регионалната соработка е клучен елемент за приближување кон ЕУ
Регионалната соработка е клучен елемент за приближување кон Европската Унија. Европската интеграција не е само цел на Албанија, туку е заеднички проект и стратешка насока за развој на нашата држави. Нашите држави заслужуваат поголема поддршка на патот кон евроинтеграциите, затоа што членството не е само природен процес, туку заслужен процес од кој корист ќе имаат и регионот и ЕУ. Оваа порака денеска во Собранието ја истакна албанскиот претседател Бајрам Бегај кој престојува во официјална посета на земјава.
-Европа не е само дестинација – тоа е стандард. Тоа е владеење на правото, функционални институции и еднаквост за сите граѓани. Северна Македонија има преземено тешки решенија и Албанија ве поддржува без никакви пречки. Отворените прашања со соседите и историските дебати влијаат врз довербата, но веруваме дека решението е во дијалог и договорите за реформи. И Албанците и Македонците знаат дека на Балканот се произведува повеќе политика отколку што може да се консумира.
Знаеме дека на Балканот историјата била често многу гласна. Но, иднината мора да биде појасна и поблагодарна. Соседството не е само географска реалност. Сè што ќе се случи на меѓународен план, Албанија и Северна Македонија ќе останат соседи. Географијата не се менува, но квалитетот на нашите односи зависи од нас. Не станува збор колку сме блиску – туку колку сме силни заедно и ќе соработуваме, координираме и колку визионери ќе бидеме – рече Бегај.
Албанскиот претседател потенцира дека е дојдено време да одиме заедно кон интегриран, поконкурентен и поправеден регион.
-Да ја продлабочиме нашата економска соработка, да ја зацврстиме координацијата во НАТО, да градиме инфраструктура, образование и култура. Заедно да го заштитиме Охридското Езеро како наследство за идните генерации. Да создадеме повеќе можности за младите и да градат иднина во нашите земји. Да вложуваме во човечки односи, за нашата врска да биде пример за регионот, како од недоразбирања создадовме партнерство.
Време е да одиме заедно кон интегриран, поконкурентен и поправеден регион. Во ѕидовите на ова на Собранието чука срцето на мултиетничка држава. Албанија ќе биде тука, не само како сосед, како економски партнер, не само како сојузник во НАТО, туку како поддржувач кој верува во вашиот модел и нашата заедничка евроатлантска иднина. Да работиме за нашите деца да растат во регион каде границите се само административни показатели на мапата и каде иднината е една, во европското семејство – рече тој.
февруари 27, 2026

