Фудбал
Анри: Комо го игра најдобриот фудбал во Италија
Легендата на Арсенал и поранешен француски репрезентативец Тиери Анри оцени дека Комо го игра најдобриот фудбал во италијанската лига.
„Долго време зборувам за ова. Тимот што во моментов игра најдобар фудбал во Италија е Комо“, изјави Анри за CBS Sports Golazo.
„Можеме да разговараме за буџетот и квалитетот на тимот, но ова е моменталната ситуација. Минатата недела веќе ме прашавте каде се италијанските тимови и за жал ситуацијата е јасна“, додаде поранешниот француски репрезентативец.
Комо, кој минатата сезона се врати во Серија А по пауза од 21 година, е шестопласиран табелата со 45 бодови, еден помалку од Јувентус на петтото место.
февруари 27, 2026

