Вести
Андоновски: „Роаминг како дома со ЕУ“ за граѓаните е голема придобивка од заедничкиот пазар
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува годинава да се заокружи процесот за „Роаминг како дома“ со ЕУ и смета дека почнатите активности во меѓувреме ќе ги мотивираат телеком операторите да им излезат во пресрет на граѓаните со трошоците при патување во странство.
– Минатата година имаше определено поместување кај еден од телеком операторите со надолно регулирање на цените во роаминг, кај другиот оператор имаше други политки, попусти или дополнителни погодности, така што мислам дека ова ќе ги мотивира телеком операторите. Имаме добра соработка со нив, но овој дел, поддршка на граѓаните или помош на граѓаните кога патуваат навистина не е голема сума за нив, а за граѓаните е голема погодност да не мора да вадат нова сим картичка туку едноставо да го активираат пакетот од некој од домашните оператори, рече Андоновски во „Топ тема“ на ТВ Телма.
Говорејќи за придобивките оцени дека Роаминг како дома е едно ниво подолу од визната либерализација и голема придобивка за граѓаните.
– Во време на дигитализација да им дозволите на сопствените граѓани слободно да патуваат и притоа да не треба да трчаат до трафика да најдат сим картичка или да бараат која сим картичка е прифатена во таа држава, да плаќаат дополнителни трошоци или да имаат скриени трошоци кај своите домашни телеком оператори ако некој случјано им заѕвони на телефонот а се некаде во Европа е навистина нешто што е придобивка од заедничкиот пазар, посочи Андоновски.
Според него, ако постоел притисок од регионот и од Македонија порано ќе сме го фателе рокот и со Украина и со Молдавија“.
-Процесот доби на динамика кога побара Украина, заради миграцијата од војната, но кога ќе ги исполните условите дома многу е лесно да лобирате, рече Андоновски.
Тој вели дека е неблагодарно да кажува рокови за завршување на преговорите и да се ефектуира одлуката за „Сурфај како дома“ и повтори дека државава ќе ги исполни своите обврски до средината на март само ако добиеме позитовен одговор од ЕУ дека законот е добар и законодавството е добро транспонирани.
– Потоа вегуваме во преговори, ќе зависи и од ЕУ, од институциите во Европската Комисија но и од земјите членки кога ќе го завршат процесот, но да бидам оптимист дека годинава можеме да го заокружиме овој процес, наведе Андоновски.
февруари 27, 2026

