Connect with us

Општини

Завршија осумдневните карневалски празнувања во Струмица

Со симболичното враќање на клучот од градот од страна на карневалџиите на градоначалникот Петар Јанков завршија осумдневните карневалски празнувања во Струмица.

– Струмичани уште покажаа дека се гостољубив народ и се подготвени за добра организација и добра забава. Како градоначалник сакам да се заблогадарам на сите кои придонесоа да го направиме ова карневалско издание едно од најдобрите, рече градоначалникот Јанков.

Претседателката на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Танкица Стојанова истакна дека со враќањето на клучот се исполнети ветувањата за добра карневалска забава.

-Драго ми е што Струмица имаше карневал каков што заслужува да има. Сите карневалџии беа тука со нас и се надевам дека догодина ќе ги имаме во уште поголем број, рече Стојанова.

Пред враќањето на клучот се одржа традиционалниот Тримерски посен ручек и настап на „Распеани струмичани“. Ручекот порано го подготвувал семејството на армасаната (верената) девојка во чест на гостинките кои доаѓале кај неа со идната свекрва и притоа и врачувале подароци и со пеење еротски песни ја подготувале идната невеста за брачните должности.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1