Connect with us

Свет

Техеран: ЦИА се меша во внатрешните работи на Иран

Амбасадата на Иран во Холандија денеска ги обвини САД за „двојни аршини“ откако американската Централна разузнавачка агенција вчера на Икс објави видео-снимка на персиски јазик со упатство како Иранците да стапат во контакт со ЦИА.

– ЦИА повеќе не се ни обидува да го прикрие своето дејствување. Кога ЦИА објави видео на персиски јазик и ги подучува Иранците како да ја контактираат, тоа повеќе не е дипломатија, туку отворено мешање. Замислете ја реакцијата ако улогите се обратни. Двојните стандарди се разоткријат – се наведува во соопштението на Амбасадата на Иран.

ЦИА вчера на платформата Икс објави упатство како Иранците да стапат во контакт со агенцијата.

– ЦИА сака да ве слушне и сака да ви помогне. Во продолжение е упатство за тоа како да остварите безбеден виртуелен повик со нас. Пред да не контактирате, ве молиме преземете ги следните мерки на претпазливост – се наведува во објавата на ЦИА на Икс.

Во упатството на ЦИА има осум точки за контакт, меѓу кои да се користи нов телефон за еднократна употреба, да се користат интернет пребарувачите „Гугл хром“ „Сафари“ или „Фајерфокс“ во режим на инкогнито, а потоа да се избрише историјата на пребарување.

ЦИА препорачува за контакт да се користи пребарувачот „Тор“, или некоја друга услуга за да го заобиколат филтрирањето на интернет сообраќајот, бидејќи безбедносните или разузнавачките служби можат да ги следат веб-страниците, а ЦИА овозможува енкрипција и пробивање на филтрите за контакт преку споменатите услуги.

Во упатството се наведува и Иранците, кои ќе одлучат да ја контактираат ЦИА да го наведат својот регион и град на живеење, име и презиме, занимање и работна позиција, ниво на пристап до информации или вештини што ги поседуваат, како и контакт информации што можат да се користат за безбедна комуникација. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1