Connect with us

Свет

Сијарто: Оние што го блокираат нафтоводот „Дружба“ се истите што го саботираа и „Северен тек“

Оние кои сега ги блокираат испораките на нафта преку нафтоводот Дружба се истите кои го саботираа гасоводот Северен тек, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, додавајќи дека постои потреба Унгарија да се подготви за „можни напади“.

Тој на вчерашниот состанок во градското собрание во Кишкунлахаза рече дека Украина била таа која го кренала во воздух гасоводот Северен тек, нарекувајќи го тој чин „државен тероризам“, пренесува агенцијата МТИ. Според него, „срамота е што Европа затвора очи пред тој напад“ и тоа што „некои европски земји и лидери ги слават неговите сторители како херои“.

– Дозволете ми повторно да кажам: оние кои денес го блокираат нафтоводот Дружба се истите луѓе кои го кренаа во воздух гасоводот Северен тек. Ова е реалност и не можеме да го дозволиме тоа. Затоа сега е од витално значење да се заштитат унгарските нафтоводи и гасоводи од ризик од физички напад, бидејќи денес не можеме да ги исклучиме физичките напади врз цевководите што ја снабдуваат Унгарија и мораме да бидеме подготвени за нив и подготвени да ги спречиме – рече Сијарто.

Тој ги оцени претстојните парламентарни избори во Унгарија како клучни за Украина.

– Тие добро знаат дека ако останеме на власт, нема да се приближат ниту сантиметар до ЕУ во наредните четири години, парите на унгарските даночни обврзници нема да одат во Украина и во Брисел нема да бидат донесени никакви одлуки кои би ја вовлекле Унгарија и целиот европски континент во војна – смета Сијарто.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, по вчерашната седница на унгарскиот Совет за одбрана соопшти дека наложил засилена заштита на критичната енергетска инфраструктура поради, како што наведе, политички мотивираната блокада на испораката на нафта од Украина, со тврдења дека Киев се подготвува за дополнителни акции насочени кон попречување на работата на унгарскиот енергетски систем.

Како што прецизираше, засилената заштита подразбира распоредување на војници и неопходна опрема за одбивање на евентуални напади во близина на приоритетните енергетски објекти, додека полицијата ќе ги засили патролите околу одредени електрани, дистрибутивни станици и управувачки центри.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3