Политика
СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на почивалиштето на претседателот Борис Трајковски
Партиска делегација на СДСМ, заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, членовите на Извршниот одбор, Рената Младеновска и Александар Наумоски, денеска оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, во Алејата на великаните во Скопје.
„Трајковски беше проевропски претседател, државник кој посветено работеше за мир, соживот, за напредок и европска перспектива на нашата држава.
Неговата политика беше политика на дијалог, на приближување, на отворање перспективи дома и надвор. Веруваше дека Македонија може и мора да биде дел од европското семејство, но пред сè стабилна и обединета држава во која различностите се богатство, а не поделба. Политиките на претседателот Борис Трајковски нè потсетуваат дека храброста, мудроста и одговорноста кон граѓаните се пример за лидерството.
Нека е вечен споменот и сеќавањето на претседателот Борис Трајковски“, соопштија од СДСМ.
февруари 26, 2026

