Општини
Одржан настанот „Глобален дигитален град“ во Тетово посветен на дигиталните вештини, иновациите и вработувањето на младите
На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово (УЈИЕ) се одржа првиот ден од настанот „Глобален дигитален град“, организиран од АБСЛ (ABSL – Associaton of Business service leadrers) Северна Македонија и Бизнис Иновејшн Сентр, со учество на претставници на институции, индустрија, стартапи и академската заедница.
Од УЈИЕ информираа дека настанот го отвори претседателот на АБСЛ Северна Македонија, Блерим Шаќири, кој ја нагласил важноста на соработката меѓу приватниот сектор и институциите во создавањето поконкурентна средина за услужната индустрија.
Проректорот за планирање, истражување и претприемништво на УЈИЕ, проф. д-р Веланд Рамадани, ја нагласи улогата на универзитетот како мост помеѓу академското знаење и потребите на пазарот, со потенцирање на посветеноста на институцијата кон поттикнување на иновациите и стратешките партнерства.
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, ја истакна поддршката на локалната самоуправа за развојот на секторот за Информатичко-комуникациски технологии (ИКТ).
-Овој настан не е само дискусија за технологијата, туку повик за акција. Верувам дека градовите не се градат само со инфраструктура, туку со менталитет, со иновација и со соработка. Дигитализацијата за мене не е само технички процес, таа е транспарентност, одговорност и можност за нашите граѓани, истакна Касами.
Според градоначалникот, Тетово е посветено на поефикасни услуги, дигитализирани процеси и создавање простор каде што младите ќе ја градат својата иднина во својот град.
февруари 26, 2026

