Connect with us

Свет

Моди во посета на Израел

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, по пречекот на индискиот колега Нарендра Моди на аеродромот „Бен Гурион“, на Икс објави дека двете држави „ги врзува право пријателство“.

Додека Моди, исто така на Икс, се заблагодари за „топлиот дочек“, истакнувајќи оти е среќен што по девет години се вратил во Израел.

Тој посочи дека со Нетанјаху разговарал за широк спектар теми за зајакнување на билатералните односи, за технологијата, за управување со водите, за земјоделството и други сектори.

Нетанјаху и Моди разговараа и за случувањата во регионот.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4