Connect with us

Вести

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

За ЕУ ние нема да водиме мекотелна политика, сто пати ви кажав – рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање од лидерот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче, на денешната собраниска седница. 

Мицкоски му порача на Филипче дека е мекото ткиво на македонскиот национален идентитет.

– Нема да водиме мекотелна политика. Вие сте мекото ткиво и сè додека давате вакви изјави, ќе имаме политичари од Бугарија што ќе знаат дека има меко ткиво во македонскиот национален идентитет и ќе се обидуваат секогаш да играат на картата на помал отпор. Не можете ништо со тоа да постигнете. Ќе останете запаметен во историјата како човекот што бил мекото ткиво од партијата што била мекото ткиво на македонскиот национален идентитет. Не ви го советувам тоа. Знаете што значи да останете запаметен во историјата, од Охрид сте, знаете кој и како ги предавал моштите – рече Мицкоски.

Филипче, претходно, при поставување прашања до премиерот, наведе: Што да се каже за европската интеграција? Јасно и гласно кажавте дека чекор напред земјава нема да направи.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3