Општини
Холандската амабасадорка Џанел се сретна со членови на Здружението „16 март 2025 Кочани“
Амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, која денеска е во посета на Кочани, оствари средба и со членови на Здружението на граѓаните „16 март 2025 Кочани“.
Иако во рамки на дипломатски проткол, средбата се одвивала во исклучително блиска и топла атмосфера, соопштуваат од Здружението, каде што членуваат семејства на починати во трагедијата од 16 март лани.
– Родителите со длабока и достоинствена искреност ги споделија своите болки, искуства и предизвици со кои секојдневно се соочуваат. Амбасадорката Џанел ги сослуша со внимание и искрено разбирање пренесувајќи поддршка, која беше почувствувана не само на институционално туку и на човечко ниво – се истакнува во соопштението.
Членовите на Здружението на граѓаните „16 март 2025 Кочани“ на средбата упатиле благодарност кон амабасадорката Џанел за континуираната поддршка што тие ја добиваат од холандските фирми лоцирани во Кочани и Виница.
февруари 26, 2026

