Connect with us

Свет

Елисејската палата: Макрон на 2 март ќе зборува во Брест за француското нуклеарно одвраќање во Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон в понеделник, 2 март, ќе одржи говор за придонесот на француското нуклеарно одвраќање кон безбедноста на европскиот континент во услови на глобални геополитички превирања, објави денеска Елисејската палата.

Додека војната во Украина го нарушува балансот на моќта, Макрон се подготвува да ја редефинира улогата на Франција во европската нуклеарна безбедност под будното око на своите партнери.

Макрон ќе зборува во Брест на атлантскиот брег на Франција, каде што се стационирани четири подморници на нуклеарен погон со балистички ракети, кои ја обезбедуваат океанската компонента на француското нуклеарно одвраќање заедно со стратешките воздухопловни сили.

„Тоа ќе биде важен момент во неговиот мандат. Несомнено ќе има некои значајни поместувања и развој“, изјави извор близок до францускиот претседател, без да даде дополнителни детали.

Франција е единствената земја во Европската Унија и единствената европска земја покрај Велика Британија што поседува нуклеарно оружје. Сите други земји се заштитени од американското одвраќање во рамките на НАТО.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2