Connect with us

Регион

Албанија ќе ги зголеми силите во мисијата КФОР во Косово

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Албанија, генерал-потполковник Арбен Кинѓи, денеска изјави дека ќе има зголемување на албанските сили во мировната мисија КФОР во Косово.

-Новото учество ќе вклучува воздухопловна компонента, вклучувајќи хеликоптер „Кугар“ со пилот и технички екипаж, како и елементи за оперативна поддршка. Учеството во КФОР има за цел да го зајакне присуството и придонесот на Албанија кон стабилноста и безбедноста во балканскиот регион, рече Кинѓи.

Албанија во моментов има релативно мал контингент војници во составот на мисијата КФОР на Косово, во просек по 30 во шестмесечна мисија, кои се фокусирани на поддршка, штабни активности и специјални единици. 

Првиот контингент на албанските вооружени сили се приклучи на меѓународната мисија на НАТО, со кодно име „КФОР 1“ во Пеќ, Косово за првпат на 25 февруари 2022 година.

Кинѓи потврди дека неговата земја, како основач на Одборот за мир, формиран по иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе бидат меѓу петте земји кои ќе испратат војници во рамки на стабилизациските сили за Газа, предводени од земја сојузник, но не наведе колкав ќе биде бројот.

Се задржа и на трилатералниот договор со Косово и Хрватска, оценувајќи дека соработката ја зајакнува регионалната стабилност и безбедност и оти поканети се и другите земји од регионот да се приклучат, во насока на оваа цел. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 2