Connect with us

Свет

Зеленски: Украинските преговарачи утре во Женева ќе се сретнат со Виткоф и Кушнер

Украинскиот преговарач Рустем Умеров ќе се сретне утре во Женева со американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за да го подготви теренот за нови тристрани разговори со Русија, кои се очекува да се одржат следниот месец, изјавија денеска украинските власти.

Оваа средба има за цел да „подготви тристрана средба со Русија“, која „треба да се одржи на почетокот на март“, за да биде направен обид за наоѓање решение на војната меѓу Украина и Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во Женева во средината на овој месец веќе беа одржани разговори меѓу Киев и Москва со посредство на САД.

Вашингтон врши притисок за ставање крај на војната, која почна во февруари 2022 година со инвазијата на руските сили во Украина и стана најкрвавиот вооружен конфликт во Европа по Втората светска војна.

Утрешните разговори ќе се фокусираат и врз економскиот план за обнова на Украина, како и врз подготовката на нова размена на воени заробеници меѓу Украина и Русија, рече Зеленски.

Утрешната украинско-американската ќе се фокусира врз барањето различни патишта за постигнување мировен договор, изјави вчера Стив Виткоф.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3