Connect with us

Сервисни информации

Сончево и стабилно време со засилен северен ветер по должината на Повардарието

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, локално до 50 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи од -2 до 6 степени, додека максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во наредните денови под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието

Маркетинг
Ad 4
Ad 2