Connect with us

Општини

Осмата поштенска марка посветена на децата со СМА – симбол на надеж и истрајност

Македонската поштенска историја доби уште едно значајно поглавје, со пуштањето во оптек на осмата поштенска марка посветена на децата со ретки болести, а како продолжение на национална иницијатива за подигање на свеста за ретките болести.

Со тој проект, овојпат посветен на децата со Спинална мускулна атрофија (СМА), Македонски пошти осум години по ред испраќаат силна порака за поддршка и солидарност на децат со ретки заболувања. 

Македонија останува прва и единствена земја во светот што преку поштенски марки континуирано ја промовира борбата на децата со СМА, претворајќи ја филателијата во гласник на хуманоста.

Иницијатор на проектот е Гордана Лолеска, и самата вработена во Македонски пошти и претседател на здружението „Ретко е да си редок“ од Охрид. Таа својата професионална позиција ја претвори во платформа за општествена одговорност и поддршка на заедницата со СМА.

-Секоја марка што ја издаваме е ветување дека овие деца нема да бидат заборавени. Овие осум марки се наш заеднички крик дека ‘Ретко е да си редок’, но токму во таа реткост лежи најголемата сила- изјави Лолеска, нагласувајќи дека Македонија повторно испраќа пример за солидарност до светот.

Во изминатите години серијата поштенски марки прерасна во мост меѓу институциите и граѓаните. Секоја испратена пратка со оваа марка станува симболичен глас за поддршка, надеж и подобра иднина за децата со СМА.

Свечената промоција на новата поштенска марка ќе се одржи в сабота на 28 февруари, во „Куѓата на ЕУ“ во Скопје, со почеток во 16:30 часот, во организација на здружението СТОП СМА Македонија. Настанот ќе биде уште една можност јавноста да ја потврди својата поддршка и солидарност со семејствата кои секојдневно ја водат оваа тивка, но храбра борба.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2