Connect with us

Општини

Општина Охрид распиша конкурси за бесплатна стручна обука

Во насока на стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, како и на вработени кои сакаат да се докфалификуваат или прекфалификуваат, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој распиша конкурс за спроведување на бесплатни курсеви.

Курсевите се наменети за болничари односно негуватели на стари лица, сметководство – основно ниво, обука за компјутерски програми за канцелариско работење, странски јазици (англиски, германски), заварувачи и фризери.

Предност за пријавување за курсевите имаат невработени лица, но и вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат. За да се реализира одреден курс треба да се пријават најмалку 15 учесници. Општина Охрид го задржува правото некој од курсевите да не се реализира доколку нема заинтересираност. Изборот на учесниците ќе биде по принципот „Прв дојден, прв услужен”, посочуваат од општината. 

Кандидатите кои сакаат да се пријават на конкурсот, треба да ги пополнат потребните обрасци поставени на општинската интернет страница www.ohrid.gov.mk.

Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна десет дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: ОЈУ ОГУ за доживотно учење „Кузман Шапкарев” Охрид, ул. „Туристичка“ бр. 79 – Охрид, во затворен коверт со назнака „Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви” или во Архивата на ОЈУ ОГУ за доживотно учење „Кузман Шапкарев” секој работен ден од 09 до 14 часот.

Некомплетните или ненавремено доставените документи нема да бидат разгледувани. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 4