Вести
На Заев „му фалат“ 1 милион денари: Поднесе тужби против Жан Митрев и пратеникот Бране Петрушевски
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев објави на неговиот фејсбук профил дека поднел тужби за клевета и нарушување на честа и угледот против пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Бране Петрушевски и д-р Жан Митрев
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата. Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“ напиша Заев на социјалните мрежи.
Заев претходно најави дека ќе поднесе тужби ако Петрушевски не му се извини за тврдењата дека заплентетата марихуана била поврзана со фирми блиски до Заев, додека пак екс премиерот го тужи доктор Митрев поради неговите тврдења за преземање на неговата болница.
И во двете тужби, Заев како надомест бара по 500.000 денари.
февруари 25, 2026

