Connect with us

Свет

Мерц во прва официјална посета на Кина како канцелар на Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц е во дводневна посета на Пекинг што е прва официјална посета на Кина на лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) во својство на канцелар.

За време на средбата со кинескиот премиер Ли Чианг, германскиот лидер изјави дека неговата земја сака да ја продлабочи економската размена со Кина, но оти има одредени загрижености и сака да гарантира дека соработката ќе биде фер.

– Двете страни треба да зборуваат отворено – истакна Мерц.

Од своја страна, Ли Чианг изјави дека Кина со нетрпение очекува да промовира подлабока и попрактична соработка со Германија.

– Во билатералните односи веќе се гледа стабилен напредок – истакна кинескиот премиер. Тој додаде дека Кина сака да ги зајакне дијалогот, комуникацијата и меѓусебната доверба со Германија.

Предвидена е и средба на Мерц со кинескиот претседател Шји Џјинпинг. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 2