Connect with us

Фудбал

Киву по елиминацијата од Бодо: Интер остана без сила во второто полувреме

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, го коментираше поразот од 2:1 од Боде-Глимт синоќа во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите.

-Се потрудивме најдобро што можеме против многу организиран тим. Не постигнавме гол први, а тие беа ментално опуштени. Не можам да им замерам на моите фудбалери. Тие дадоа сè од себе, с етрудеа максимално. Разочарани сме, бидејќи се обидувавме да продолжиме понатаму. Сè што ни преостанува е да им честитаме на нашите противници. Разочарани сме и од поразот и од елиминацијата од турнирот. Можеби ќе ги ставевме под притисок ако ние постигнавме гол први. Боде се бранеше многу добро и ја контролираше играта. Ние останавме без сила во второто полувреме, изјави Киву по натпреварот во Милано.

Норвешкиот тим победи и на првиот натпревар, резултатот во Бодо беше 3:1, па со вкупни 5:2 оди во следната фаза на елитното натпреварување.

Боде-Глимт се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе се соочат или со Манчестер сити или со Спортинг. Противникот ќе биде одреден со ждрепка в петок.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4