Connect with us

Ракомет

ГРК Охрид го доби Олимпијакос за противник во четвртфиналето на Европскиот куп

ГРК Охрид ќе игра со Олимпијакос во четвртфиналето во ЕХФ Европскиот Куп. Вака одлучи денешната жрепка во седиштето на Европската ракометна федерација.

Во случај да ја добие пресметката со грчкиот претставник, македонскиот тим во полуфиналето ќе се соочи со поуспешниот од двојката Целје – Бузау.

Натпреварите од четвртфиналето се играат на 27/28 март, домаќин ќе биде тимот од Атина, а реваншот е на 4/5 април во Охрид.

Другите две двојки за 1/4финалето се: Татабања – Нилуфер и Извиѓач – Карвина.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1