Connect with us

Скопје

Герасимовски: Салата „Работнички“ ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ, предлогот ќе биде ставен пред Советот

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека целосно реконструираната спортска сала „Работнички“ ќе го носи името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ.
Во интервју за „Тема на денот” на Сител телевизија, Герасимовски посочи дека на следната седница на Советот ќе ја предложи точката салата официјално да биде именувана „Лазар Лечиќ“. Предлогот произлегол од иницијатива на ветераните на КК „Работнички“ и спортската јавност, кои инсистирале името на салата да го продолжи духот и традицијата на клубот.
Герасимовски нагласи дека е особено горд како е реализиран проектот и се заблагодари на претходната и на актуелната Влада за финансиската поддршка што овозможила салата темелно да се реконструира.
„Имаме целосно нова сала, од кровот, ново осветлување и вентилација, до нов модерен паркет, нови санитарии, средени канцеларии за спортските федерции. Буквално од корен е реконструирана. За мене ова има посебно значење, а верувам и за сите центарци и скопјани“, посочи тој.
Герасимовски потсети дека првиот офиицијален натпревар во салата е планиран во петок, кога македонската кошаркарска репрезентација ќе одигра меч против селекцијата на Луксембург.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1