Connect with us

Вести

Сиљановска-Давкова: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите претседатели го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“

Користењето владин авион овозможува функционално извршување државна работа, но е и поевтино од комерцијален лет, смета македонската претседателка Горданa Сиљановска-Давкова.

Според неа, би било добро да се има понов, поголем и побезбеден авион, со кој повеќе лица од делегацијата би можеле да отпатуваат и да се вратат, а во кој исто така би можело да има и новинари, кои би ја проследиле посетата.

– Што да кажам? Ајде да ве насмеам. Владиното авионче моите колеги претседатели во регионот го нарекуваат авиончето на браќата Рајт бидејќи е најмалo и најстарo. Јас можам да кажам за мене, употребата на владиното авионче понекогаш овозможува функционално извршување државна работа, а е и поевтино од користењето комерцијален лет. Па, сега, не е многу пријатно и самата кажувам дека секогаш имам дилема кога немам друг избор бидејќи знам дека е старо дваесет и пет години, а е купено на старo – рече претседателката во одговор на новинарско прашање по завршувањето на настанот за одбележување на мајчиниот јазик. 

Таа додава дека неjзините колеги претседатели сметаат оти е многу порационално и многу поевтино да се има поголем авион, од, како што истакна, нашето најмало авионче бидејќи тогаш со еден лет ќе може повеќемина да одат и да се вратат кога сакаат.

– А и ни забележуваат и јас знам дека тоа е мој голем хендикеп што со нас нема новинари, а со нив има. Новинарите понекогаш доаѓаат со нив – рече претседателката Сиљановска-Давкова.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1