Connect with us

Фудбал

Винисиус за Модриќ: Нема никој како него во фудбалот, многу ми недостига

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ги сподели своите мисли за играчот од средниот ред на Милан, Лука Модриќ. Претходно тие беа соиграчи во „Лос Бланкос“.

– Нема никој како Модриќ во фудбалот. Тој е најдобриот на светот. Минатата година играше за Реал Мадрид, сега е во Милан. Многу ми недостига затоа што секогаш нè учеше на нешто. Не сакаше да губи, дури ни на тренинзите. Секогаш беше лут, го цитира Винисиус новинарот Фабрицио Романо.

Хрватот помина 13 години во Реал Мадрид, има 597 настапи, постигна 43 гола и 95 асистенции. 

Со мадридскиот клуб, Модриќ шест пати ја освои Лигата на шампионите, четири пати Шпанското првенство, двапати Купот на кралот, а пет пати Суперкупот на УЕФА и Суперкупот на Шпанија.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2