Connect with us

Ракомет

Вардар поразен од Бенфика на стартот на главна рунда во Европската лига

Ракометарите на Вардар загубија вечерва од Бенфика во Лисабон со 40:35 во својот прв натпревар од главната рунда на Европската лига.

„Црвено-црните“ добро го отворија натпреварот и по десетина минути игра имаа во два наврати три гола предност . Сепак, домаќините од 4:7 со серија од 3:0 израмнија, а набргу потоа дојдоа до водство кое до крајот на првото полувреме се искачи на убедливи 24:16.

Во вториот дел вардарци се обидуваа да фатат резултатски приклучок, но португалскиот тим не дозволи неизвесна завршница и со пет голови во своја полза го заврши мечот.

Хориха беше стрелец на девет гола Тузолана постигна осум погодоци, Валах имаше 10 одбрани. Ова се тројцата најистакнати во редовите на Вардар.

Кај Бенфика најефикасен беше Вајлупов со седум гола.

На следниот натпревар Вардар ќе игра со Мелсунген на домашен терен.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2