Connect with us

Регион

Албанскиот претседател и косовскиот премиер разговараа за заедничките предизвици

Албанскиот претседател Бајрам Бегај и косовскиот премиер Аљбин Курти, се сретнаа денеска во Приштина, каде што разговараа за билатералните односи меѓу двете земји, заедничките предизвици и ја потврдија својата подготвеност да работат за нивниот понатамошен развој, јави АТА, повикувајќи се на соопштение за медиумите од кабинетот на Бегај.

– Продлабочувањето на соработката меѓу Албанците и тесната координација со нашите стратешки партнери, се најсигурниот пат за зајакнување на улогата и консолидирање на позицијата на Косово во евроатлантското семејство, оценил Бегај.

Во соопштението за медиумите се наведува дека за време на средбата, Бегај им изразил срдечни честитки до народот и државата Косово по повод 18-годишнината од прогласувањето на независноста на земјата.

Исто така на Курти му го честитал нов мандат, посакувајќи му „успех во исполнувањето на целите на сегашната влада“, при што од своја страна, Курти му се заблагодарил на Бегај за честитките и за неговата посета на Косово.

– Со денешната посета, Бегај стана првиот претседател на држава што ја посетил канцеларијата на Курти за време на неговиот нов мандат, забележува АТА.

Бегај се сретнал и со неговата косовска колешка Вјоса Османи, со која, како што објави на Фејсбук, се заложиле за „зајакнување на стратешкото партнерство за да се движат заедно кон заеднички цели“. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 4