Останати спортови
ЗОИ 2026: Одредени се паровите за плејофот во хокеј на мраз за мажи
Завршена е групната фаза од турнирот во хокеј на мраз за мажи на Зимските олимписки игри во Италија 2026, при што се познати првите четири четвртфиналисти и учесниците во квалификациската рунда.
По групната фаза, сите екипи беа рангирани од 1. – 12. место во генералниот пласман.
Канада, САД, Словачка и Финска веќе се пласираа во четвртфиналето. Тие ќе играат против победниците од квалификациските парови.
Натпреварите од квалификациската рунда ќе се одржат на 17 февруари, а четвртфиналето на 18 февруари.
Двојки за квалификациската рунда:
Чешка – Данска
Шведска – Летонија
Германија – Франција
Швајцарија – Италија.
Потенцијални четвртфинални двојки:
Чешка/Данска – Канада
Шведска/Летонија – САД
Германија/Франција – Словачка
Швајцарија/Италија – Финска.
февруари 16, 2026

